Српскиот претседател Александар Вучиќ минатиот месец позираше покрај шест кинески борбени дронови ЦХ92-А на воен аеродром во близина на Белград. Купувањето на шесте беспилотни летала ја прави Србија првата европска држава што ќе користи кинески борбени дронови. Тоа го потенцира и кинескиот отпечаток на прагот на НАТО, пишува „Блумберг“.

– Тие имаат долг дострел. Можат да соборат цели на оддалеченост од девет километри и да го снимат теренот и предметите од интерес на Србија, длабоко на непријателска територија – кажа Вучиќ.

Кинеските акции го провоцираат НАТО да го насочи вниманието кон Азија, што е забележителна промена за Алијансата. Зголеменото влијание на Кина на Балканот е отсликано преку нејзиното навлегување во други области каде што досега Русија имаше доминантно присуство. Иницијативата „Појас и пат“ веќе има голема улога во политиката на Централна Азија.

Овие потези можат да бидат од корист на САД кои имаа потешкотии да ги убедат сојузниците да им се придружат во спротиставувањето на Кина. Но, другите членки на НАТО не се заинтересирани за таквата можност, бидејќи имаат намера и натаму да соработуваат со Кина.

Знаците за дилемата со која се соочува НАТО поради Кина стануваат се очигледни. Лесно е да се разбере зошто Кина ги вознемирува лидерите на НАТО. Од ширењето на иницијативата „Појас и пат“ низ Европа и стекнувањето на клучни стратешки локации, до кинеската воена експанзија. Можеби најважно, од европска перспектива, преставува одржувањето на блиски воени врски на Кина со Русија. Тие одржаа и заеднички воени вежби на Балтичкото Море во 2017 година, во регионот кој има шест членки на НАТО.

Но, сите 30 членки на Алијансата имаат различни гледишта за Кина. А поделбите можат да дојдат до израз доколку Џо Бајден го победи Доналд Трамп на претстојните претседателски избори во САД. Бидејќи Бајден веројатно ќе бара поголема координација со членките на НАТО за безбедносната политика.

Додека кинескиот стратешки отпечаток продолжува да бргу да се шири, на европските сојузници можеби нема да им треба убедување да заземат пацифистички став, особено додка државите на периферијата на НАТО бираат страни.