Воен полицаец загина во Хрватска, поточно во близина на населбата Драганиќ, а несреќата се случила кога камион налетал на него, откако тој набрзина излегол од оклопното возило што било во дефект.

Како што пренесува „Танјуг“, несреќата се случила на автопатот А1 во правец на Загреб.

Министерството за одбрана соопшти дека возилото управувано од полицаецот било дел од колона на борбени оклопни возила на хрватската армија.