Грција

Грција ќе ги признава сите вакцини против ковид-19, а не само оние одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА), кога ќе почне да прима странски туристи од 14 мај.
Според здравствените протоколи што ги усвои земјата, објавени на веб-страницата на грчкото министерство за надворешни работи, на граница ќе се признаваат и сертификатите за вакцинирање со руските и кинеските вакцини, кои сè уште не се одобрени за користење во Европската Унија. Грчките туристички власти објавија дека негативен ПЦР-тест нема да се бара од туристите што се имунизирани со вакцина на „Фајзер/Бионтек“, „Модерна“, „Астра зенека“, „Новавакс“, „Џонсон и Џонсон“, „Синовак“, „Кансино бајолоџикс“, „Синофарм“ или „Гамалеја“ („Спутник“).
Грција нагласува дека вакцинирањето не е задолжителен услов за влез во земјата, туку доволен ќе биде и негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа, односно доказ за прележан ковид-19.