Во Црна Гора се забележува пораст на цените на недвижностите оваа година, што многумина го припишуваат на влезот во НАТО, други не гледаат посебна причина, но сите се согласуваат дека сè повеќе странци купуваат имот во Црна Гора и дека најскапи се оние на приморјето.

Според првичните податоци на МОНСТАТ, во однос на лани, цените на квадрат во нова градба се зголемиле за 11,6 проценти.

Квадрат недвижен имот на црногорскиот брег достигнува цена и до 4.000 евра, додека во Подгорица најниската цена е 1.000 евра за квадрат.

Од „ИН некретнине“ за ЦДМ велат дека влегувањето на Црна Гора во НАТО влијаело на зголемениот број странски купувачи, а со тоа и на зголемувањето на цените на недвижностите.