Фото: Макфакс

Демонстранти во Србија денеска повторно го блокираа автопатот во Белград во двата правци.

Според последните информации од медиумите во соседството непознат маж со својот автомобил удрил во демонстрант, при што му биле искршени стаклата од автомобилот.

„Нека вози, гледаш дека е пијан. Пуштете го“, извикувале демонстрантите.

Еден од демонстрантите изјавил дека тој очигледно сакал да се тепа, па демонстрантите му го скршиле стаклото на автомобилот.

Еден час траела блокадата на автопатот во Белград. Сега сообраќајот е ослободен, пишуваат медиумте.

Инаку денешниот протест е трет по ред откако демонстрантите во последните две саботи го блокираа автопатот во Белград и другите српски градови.

Во изминатите две недели имаше протести против Законот за експропријација и измените на Законот за референдум.