Во емисијата „Конак” на албанската телевизија СОТ7 гостуваше Васил Стерјовски, претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ). Во емисијата, Стерјовски ја коментираше бугарската политиката и посочи дека Македонците во Албанија во последните години се соочуваат со агресивна политика од страна на Бугарија за нивна асимилација.

– Ова бугарска политика на терен последните години се одвива со молчење на Албанија, во повеќе наврати и со нејзина помош, се со цел Албанија да не биде попречена од страна на Бугарија, за да го започне преговарачкиот процес за членство во ЕУ. Така и беше признато непостоечко бугарско малцинство во 2017 година, без исполнување на ниту еден критериум за постоење на едно малцинство, кога Албанија во последен момент попушти пред заканите на Бугарија за вето за започнување на преговорите за членство во ЕУ. – рече Васил Стерјовски.