Поранешниот грчки министер за финансии Јанис Варуфакис формираше политичка партија Европски реалистичен фронт за непослушност (МеРА25), која ќе се бори против мерките за штедење, а на наредните парламентарни избори и против владејачката СИРИЗА.

Варуфакис (56) беше првиот министер за финансии во левичарската влада на Алексис Ципрас, но на таа функција остана само шест месеци во 2015 година. Се разиде со СИРИЗА откако Грција го прифати третиот пакет меѓународна финансиска помош.

Партијата на Варуфакис ќе инсистира на реконструирање на грчкиот долг.

МеРА25 ќе биде дел од паневропското политичко движење ДиЕМ25- Движење за демократија во Европа во 2025, кое го предводи Варуфакис.

Варуфакис е трет поранешен член од владата на Ципрас, кој основал своја партија.

Следните парламентарни избори во Грција мора да се одржат до еден 2019 година.