Бисер балкански

– Потребно е да се вакцинираат од 55 до 60 отсто од населението и да почне да паѓа бројот на починати, па потоа и бројот на новозаразени. Забуна создава бројот на заболени лица што се вакцинирани, а од тоа се прави циркус. Тоа ми личи на земјоделството, кога се воведува вакцинација за животните. Селанецот ќе дојде и ви каже: „По вакцинацијата на животните, тие се разболеа!“ Животните биле во инкубација, по вакцината организмот треба да реагира и во тој момент се искажуваат знаците на болеста. По шест месеци, гледа дека животните заболуваат, а смртноста е нула, а кај соседот смртноста е 30 отсто. По неколку години кога ќе види дека ја нема болеста, тој вели дајте веднаш да вакцинираме. Тоа е психологија, исто е, ма дајте, луѓе – вели микробиологот Миланко Шеклер, кој на сликовит начин пред гледачите во Србија се обиде да ја расчисти заблудата од ризикот од вакцинација против коронавирусот.