Повеќе од 165 бугарски работници, кои работеле за француски винарници, се можни жртви на модерно ропство. Откриени се во акција против организираниот криминал, објави Европол.

Француските власти минатата недела уапсија четворица осомничени – тројца Бугари и едно лице во Франција, откако идентификувале 167 можни жртви на модерно ропство, кои биле вработени од четири фирми за производство на вино во близината на Лион, соопшти полициската агенција на ЕУ.

– Членовите на бугарската група се одговорни за регрутирање во Бугарија, додека францускиот член на групата организирал логистика, вклучувајќи и организација за сместување на работниците – рече портпаролот на Европол.

На работниците од Бугарија им било ветувано дека ќе добијат по 60 евра дневно за берба на грозје и уште многу други приказни, а кога дошле во Франција сфатиле дека се робови.

Работниците биле регрутирани преку правна агенција за вработување во Бугарија. Тие биле сместени во кампови, не им давале пари за храна и кога истекувале нивните договори, не можеле да ја добијат сумата што им била ветена, поради што многумина не биле во можност да се вратат во Бугарија.

Трговијата со луѓе на континентот стана пораспространета и од сексуалната експлоатација, објави Советот на Европа минатата година.
Се проценува дека околу 25 милиони луѓе низ светот се принудени да работат, во фарми и фабрики, флоти за риболов, информира Агенцијата за труд на ООН.