Бугарскиот парламент не го обезбеди потребниот кворум за да го изгласа повлекувањето на Пламен Николов од номинацијата за мандатар на владата предложена од партијата „Има таков народ“.

Претседателката на Народното собрание Ива Митева свика итен совет на координаторите на пратеничките групи на парламентарните партии, со цел да биде пронајден излез од сложената ситуација.

Пратениците од „Има таков народ“ ја напуштија пленарната сала и не учествуваа во денешната дискусија и гласање, соопштувајќи дека станува збор за „фарса“.