Министерството за надворешни работи на Бугарија прогласи двајца вработени во Руската амбасада во Софија за „персона нон грата“.

– Денеска беше поканет советник во Министерството за надворешни работи на Бугарија и му беше врачена белешка за протерување на двајца претставници на амбасадата – известуваат бугарските служби.

Бугарското обвинителство на 19 март објави дека е приведена група на лица осомничени за шпионажа во корист на Русија.

Тие како што пишуват медиумите во соседството, тврдеа дека меѓу уапсените има воен персонал, како и претставници на Министерството за одбрана, воени разузнавачки служби.

Бугарската страна објави дека е уапсена и сопругата на наводниот организатор на групата, која имала бугарско и руско државјанство и која, наводно, „уживала во довербата на руските дипломати“, пишуваат бугарските медиуми.