На 30 декември, бугарското Министерство за одбрана распиша тендер за набавка на 12 мини и два мали беспилотни системи (УАС) меѓу 2020 и 2024 година со вкупна проценета вредност од 12,66 милиони евра, вклучително ДДВ.

Одобрени се вкупно 5,51 милиони евра за набавка на мини УАС (секој се состои од копнена контролна станица и три беспилотни летала – УАВс), со што се овозможува набавка на три системи годишно во 2020 и 2021 година, со натамошна набавка на два на годишно ниво во периодот 2022- 2024 година, јавува порталот Тангосикс.

Поканата за понуди и учество во преговарачкиот процес беше испратена на адресите на 24 локални и меѓународни компании.

Крајниот рок за доставување на понудите до Министерството за одбрана во Софија е 13 февруари.