Бугарија му издала одобрение на рускиот авион кој ќе го донесе системот „Панцир-С1“ во Србија за прелет преку својот воздушен простор, соопшти бугарското Министерство за надворешни работи, пренесува БГНЕС.

– По одобрението од министерот за одбрана и во координација со Министерството за сообраќај, информациски технологии и комуникации, а во согласност со важечката регулаторна процедура, даден е позитивен одговор за прелет на рускиот авион кој ќе го достави противвоздуѓниот ракетен комплекс „Панцир-С1“ во Србија – се наведува во соопштението.