Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека Европската Унија во моментов не прави ништо, или прави многу малку по прашањето за Косово.

„Немам ништо добро да кажам за однесувањето на Европа, за однесувањето на ЕУ, и пред се мислам дека тоа е прашање на ЕУ. Нивниот потпис е на Бриселскиот договор “, рече Брнабиќ пренесуваат регионалните медиуми.

Таа, исто така, посочи дека Бриселскиот договор е јасно прекршен на Косово, бидејќи таму не треба да има специјални единици на „Росу“, а заедницата на српски општини како што вели, не е формирана ниту девет години по тој договор.

Брнабиќ оцени дека ЕУ не само што го толерира неспроведувањeто на договорот од Брисел веќе девет години, туку молчи за неговото јасно кршење“.

„ЕУ на еден од состаноците во Њујорк каде што бев рече, што можеме да направиме за деескалација. Па, можеш да го почитуваш својот збор, можеш да го направиш тоа. За почеток, по речиси девет години, да кажам, кога сте гарант на Бриселскиот договор, да гарантирате негова имплементација, а она што во моментов го имаме ќе исчезне за пет минути “, рече Брнабиќ.

Таа минатата недела учествуваше на Генералното собрание на ОН во Њујорк, од каде, како што пренесуваат медиумите, посочила дека претставниците на ОН и кажале дека „Косово не е држава за нив“.