Британски суд денеска одобри ектрадиција на основачот на Агрокор Ивица Тодориќ во Хрватска, за да биде суден за злоупотреби од над 110 милиони евра. Тодориќ има седумдневен рок за обжалување на одлуката.

Судот одлучи дека тој не мора да остане во притвор, но мора секој ден да се пријавува во полиција.

– Основачот на Агрокор Ивица Тодориќ ќе остане на слобода со построги мерки на претпазливост се до правосилна одлука за испорачување во Хрватска, соопшти судијката од Вестминистерскиот суд Ема Ербутнот.

Сопственикот на Агрокор и 14 други осомничени се под истрага во Хрватска во врска со фингирање податоци во компанијата, која е најголема приватна фирма во Западен Балкан, со околу 60.000 вработени.

Во ноември минатата година, откако беше приведен во полиција во Лондон по меѓународна потреница, Тодориќ изјави дека ќе се бори пртотив екстрадиција.

Тој ги отфрла обвиненија за злоупотреби и изјави дека тие се политички мотивирани.