Владата на Велика Британија ги предупреди своите граѓани дека во Турција постои голема опасност од терористички напади, заради што ги советува да ја избегнуваат таа земја. 

Во соопштението на владата, туристите се предупредуваат дека со одење во популарните дестинации, ќе се соочат со потенцијални терористички напади.

Во соопштението издадено во петокот, туристите се советуваат да избегнуваат големи метежи во градовите, како Истанбул на пример, и потсетува дека во таа земја претседателските и парламентарните избори ќе се одржат на 24 јуни, што може да предизвика бројни протести ширум земјата.

Британската влада, исто така, предупреди да не се патува на места кои се на 10 километри од границата со Сирија, и дека е можно терористите да извршат напади на југ и исток од земјата, во Анкара и Истанбул.