Интеграцијата на Западен Балкан ќе биде во фокусот на агендата за време на претседателството на Словенија со Советот на ЕУ, изјави словенечкиот претседател, Борут Пахор, за време на состанокот со црногорскиот министер за одбрана Оливер Инјац.
На средбата истовремено биле поздравени планираните приоритетни цели на Република Словенија за време на претстојното претседателство со Советот на Европската Унија, кое ќе почне во јуни 2021 година.
Изјавата на словенечкиот претседател следува по минатонеделното објавување на нонпејперот за промена на границите на Балканот, кој, како што пишуваа медиумите, бил инициран од премиерот на Словенија, Јанез Јанша. По оваа следуваа остри реакции од БиХ и од Србија, а од Владата на Словенија информираа дека не постоел таков документ.