Бојко Борисов рече дека ќе поднесе оставка ако бугарскиот парламент го одобри неговиот план да распише избори за Големото народно собрание, заради промена на Уставот.

Тој рече дека сака да го подобри судството и да го преполови бројот на пратеници, пренесува „Ројтерс“.

Како што е соопштено, две третини од 240 бугарски пратеници мора да гласаат за да се распишат избори за Големото народно собрание.

Борисов, кој веќе 37 дена е под притисок на протестите во Бугарија, рече дека ваквите измени ќе помогнат да се рестартира земјата и нејзиниот претерано голем политички систем.