Бојко Борисов по повод денешниот ден кога Европа им оддава почит на жртвите на националсоцијалистичкиот, комунистичкиот и другите тоталитарни режими испрати порака на „ Фејсбук“.

– Нема место за националсоцијализам и комунизам. Убеден сум дека нема место за реваншизам и поделби. Кренатите тупаници и намерниот притисок врз граѓаните не се симбол на демократијата. Правната држава не се постигнува со грубо кршење на владеењето на правото. Историјата треба да се запомни, за да се донесат правилни одлуки, дури и кога се тешки за носење. Верувам дека редот, развојот и разбирањето се постигнуваат преку дијалог, а не со тупаница! Затоа, да ги постигнеме со дела. Поклонување пред сеќавањето на жртвите од тоталитарните режими! – напиша бугарскиот премиер.

На 23 август Европа им оддава почит на жртвите од националсоцијалистичките, комунистички и други тоталитарни режими. На денешен ден пред 81 година, Германија и СССР потпишаа пакт за ненапаѓање попознат како „Пактот Молотов-Рибентроп“.