Поранешниот бугарски премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов го обвини претседателот Румен Радев кој се кандидира за втор мандат, дека успеал да ја скара Бугарија со сите соседи.

Борисов смета дека Бугарија сега се мрази со Македонија, Албанија и со Турција, откако била „најомилена земја на Балканот“. А тој посочи и дека постои реална закана од етнички конфликт, како и од илегалните мигранти.

Борисов упати обвинувања и кон политичките противници од партијата Демократска Бугарија.