ЕУ е изложена на голем тест на Балканот, а едно од горливите прашања се преговорите меѓу Белград и Приштина, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел за „Фајненшл тајмс“.

Тој додаде дека само ЕУ може да го стабилизира Балканот.

Поранешниот министер за надворешни работи на Шпанија рече дека Балканот е „буре барут“ и дека ЕУ треба да помогне да се спречи негово експлодирање, со цел да се подобри регионалната безбедност и да се исполни амбицијата да се биде веродостојна светска надворешно-политичка сила.

– Ако не го стабилизираме Балканот, ќе биде многу тешко за Унијата да се смета за геополитичка сила. Бидејќи никој друг нема да го стори тоа, освен Европејците – рече Борел.