Насилните инциденти на северот на Косово мора веднаш да престанат, изјави шефот на европската дипломатија Жозеп Борел како одговор на инцидентите на северот на Косово во кои беше повреден 36-годишен маж.

Борел на Твитер нагласи дека еднострани и некоординирани дејствија што ја загрозуваат стабилноста се неприфатливи.

„Сите отворени прашања мора да се решат преку дијалог со посредство на ЕУ“, рече Борел, нагласувајќи дека Брисел е во контакт со Белград и Приштина.

Жителите во северниот дел на Косово на акцијата на косовската полиција, организирана за сузбивање на шверц, одговорија со протести, проследени со серија инциденти и судири со употреба на солзавец и шок бомби, а 36 годишен маж беше ранет.