Во Босна и Херцеговина се уште има голем број заостанати мини, но се работи на тоа да бидат целосно расчистени до 2025 година, изјави шефот делегацијата на Европска Унија во БиХ, Ларс-Гунар Вигемарк.

Тој истакна дека е усвоена новата Стратегија за деминирање 2018-2025, која ќе биде поддржана од Европската унија со 10 милиони евра.

Вигемарк истакна дека тие активности пред се придонесуваат за безбедноста на граѓаните, за обработка на земјоделско земјиште, но исто така и за отворање на пат за важни проекти за иднината, како што е Коридорот „Пет Це”.

Заменик-началникот на заедничкиот штаб за операции на вооружените сили на БиХ, Ивица Јеркиќ рече дека оваа активност е можност за вооружените сили да ги претстават своите активности и истакна дека деминирањето е една од петте најважни задачи дефинирани со Законот за одбрана на БиХ.

– Два отсто од територијата на БиХ се уште е контаминирана од мини, а со новата стратегија за деминирање таа работа треба да заврши до 2025 година. За да се случи тоа, сите ние мораме да работиме заедно – посочи Јеркиќ.