Полициската управа во Зворник соопшти дека во близина на Братунац не се урнал хеликоптер, туку се случило оштетување на далновод.

Локалните жители на Братунац денеска пријавиле дека околу 12 часот и 30 минути се урнал хеликоптер на непристапен терен.

– По пријавата, полицијата во соработка со другите служби беа ангажирани да го прегледаат теренот, при што е утврдено дека не се урнал хеликоптер, туку бил оштетен далновод – изјави портпаролот на Полициската управа во Зворник, Миљан Бобар.

Тој додаде дека поради одредени звучно-светлосни елементи жителите се посомневале дека се урнал хеликоптер.

– Хеликоптер го надлетуваше подрачјето во моментот кога се случи празнењето на далноводот и луѓето помислија дека се урнал – изјави командирот на пожарникарската единица во Братунац, Љупко Илиќ.