БиХ може да ја тужи Хрватска поради нуклеарен отпад на Трговска Гора

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, изјави дека земјата нема да се откаже од поднесување тужба против Хрватска, доколку Загреб не се откаже од намерата за нуклеарен отпад на Трговска Гора, покрај босанската граница. Тој оцени дека Советот на министри на БиХ, конечно, треба да формира експертски и правен тим за решавање на тоа прашање.
– Конечно дојде до одлука за формирање експертски и на правен тим, иако претходно министерката за надворешни работи на БиХ, Бисера Турковиќ, тоа го одолжуваше – истакна Додик. Додик потсети дека во март минатата година, кога влегол во Претседателството на БиХ, на првите владини седници биле усвоени заклучоци дека не може да се сместува нуклеарен отпад на Трговска Гора, но и дека е неопходно во тоа да се вклучат органи на БиХ. Тој нагласи дека нема да се двоуми за поднесување тужби до која било судска инстанца во светот, доколку не се постигне договор со Хрватите.