Да му снема слика на соседот

– Чудно е во време кога во секоја куќа има по неколку телевизори, јас да не можам да гледам ни во единствениот, кој чесно си го купив. Ја купив сета техника, но нема ефекти. Сигнал нема па нема. Наместо да гледам во својот телевизор идам кај соседите или гледам во таван. Електротехничари ја проверија мрежата во домот и утврдија дека сѐ е во ред, така што единствена причина што немам телевизиски сигнал може да е блокатор. Се надевам дека во мојот случај ќе реагира полицијата за технолошки криминал – Властимир Дамјановиќ, жител на Прибој, кој се сомнева дека соседот го попречува приемот на телевизискиот сигнал, поради што случајот го пријавил и во полиција.