– Да! Ќе продолжам да бидам водоинсталатер во политиката! Како чесен занаетчија, никако не можам да дозволам цевките да бидат делумно исчистени. ПСГ секогаш ќе може да смета на мене и ќе продолжам со сите активности додека не ја завршиме работата до крајот. Какво било откажување или повлекување во овој момент е најпогрешната работа што можам да ја направам – изјави Сергеј Трифуновиќ, актер и лидер на Движењето на слободни граѓани, кое на последните парламентарни избори во Србија не успеа да го помине изборниот праг, за можноста да биде сменет по понудената оставка од лидерското место на ПСГ.

Тој вели дека не се кае што учествувал на изборите, иако од другите опозициски партии во Србија одлучија да не учествуваат на парламентарните избори што ги организира владејачката партија на Александар Вучиќ.

– Не се прославивме со изборниот резултат, но не значи дека и погрешивме – е неговиот одговор на обвинувањата дека бил главен противник на бојкотот на последните избори во Србија.


Панорама

 – Подготвен сум да заминам во секое време. И поради мене, не сакам да има тензии на кој било начин. Јас не сум претседателот Радев да се радувам кога луѓето се тепаат на улиците и ги затвораат раскрсниците, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Тој додаде дека не сака државата да биде поделена и објасни дека никогаш не правеле коалиција со Движењето за права и слобода.
– Нема да дозволам таква коалиција. Ниту еден ден повеќе не треба да се остане во власта, ако луѓето не ве сакаат – истакна Борисов. (БГНЕС)