Дипломите во оган

– Се срамам за секој кому не му е срам поради фактот дека министер за надворешни работи е човек што не знае ниеден странски јазик, а српскиот го зборува како да е странски. Министерот за одбрана е срам за секој чесен војник, срамота е што претседател на влада е изгласан според сексуалната ориентација, а не по квалификации, а министерот за финансии, кој ги води финансиите на оваа држава, е со докажан фалсификат. Ова го работам исклучиво според сопствената желба, самоиницијативно, во намера со симболичниот гест да ѝ се заблагодарам на парадоксалната држава на дадената шанса. Во свое име и за сите млади образовани луѓе што ја напуштаат државата – изјави Ена Недиќ, која ги запали своите дипломи и лиценци пред Собранието на Србија, незадоволна од општата состојба во државата.