КОСОВО

Жителите на косовскиот главен град од вчера во наредниот месец ќе можат бесплатно да го користат превозот со автобусите на градското јавно сообраќајно претпријатие.
Приштинскиот градоначалник Шпенд Ахмети нагласи дека „правилата и мерките за заштита од ковид-19 остануваат во сила и се обврзувачки за сите што патуваат со тие автобуси“. Тој информира дека Советот на Општината го прифатил предлогот на дел од советниците за четиримесечен бесплатен превоз со автобусите на јавното претпријатие, меѓутоа истиот тој не може да се спроведе без измена на буџетот на Општината.
– Наспроти добриот предлог, таквите одлуки што влијаат на буџетот не можат да се донесат без измена на буџетот. Годинава можеме да го направиме тоа, но за 2021 немаме буџет, затоа што републичкото собрание сè уште не го усвоило – изјави Ахмети.