Денеска се одржува новиот самит од Берлинскиот процес за земјите од Западен Балкан, која има цел да ја промовира регионалната соработка и со тоа да се забрза приближувањето на шесте држави од овој регион, изјави Сузане Шиц, повереничка за односи со Западен Балкан во Министерството за надворешни работи во Берлин и поранешна амбасадорка на Германија во Албанија.
– Фокусот на Берлинскиот процес е на подобрување на условите за живот и работа на луѓето во регионот. Од овој самит очекуваме конкретен напредок, а ќе се посветиме на изградба на заеднички регионален пазар. Ова е историски проект, на кој владите на шесте земји се договорија на последниот самит во ноември 2020 година на четирите темелни слободи: слободно движење на луѓе, стоки, услуги и капитал, а тоа би требало да се о 2024 година – вели Шиц за „Дојче веле“.
Германската канцеларка Ангела Меркел, во своето видеообраќање по повод виртуелниот самит на Берлинскиот процес, кој почнува в понеделник, а чиј домаќин е Германија, порача дека е уверена сум оти иднината на Западен Балкан е во вистински обединета Европа. Таа истакна дека има уште многу предизвици на Западен Балкан, дека недовербата и национализмот сѐ уште постојат, а билатералните спорови може да се разгорат во секој момент, поради што е неопходно помирување. Како што истакнува Меркел, тоа значи справување со минатото и преземање на сѐ што е можно за идните генерации да живеат во мир.