На протестите во Белград избија и првите инциденти пред Собранието.

Се слушнаа неколку детонации, а полицијата фрла солзавец.

Демонстрантите фрлаат факли кон полицијата стационирана на влезот од собраниската зграда.
Како што дознава „Нова.рс“, полициски конвој од оклопни возила и водени топови се упатил во правец на центарот на градот.

Во меѓувреме, се повеќе луѓе се собираат пред Собранието во Белград.