Предлог-измената на Законот за патните исправи во Босна и Херцеговина, со која лицата што не платиле алиментација не можат да добијат пасош, а доколку имаат издаден пасош ќе им се одземе, е упатена во парламентарна процедура.
Законот сега дозволува да се одбие барање за издавање патна исправа, но само ако постои основен сомнеж дека подносителот ќе избегне извршување обврска од брачниот однос или од односот родител – дете и тоа само „по барање од надлежен суд“.
Со новите измени, значајно се заострува третманот на лицата што ги избегнуваат обврските кон своите деца.