Американскиот претседател, Џо Бајден, го честита Денот на државноста на Србија потенцирајќи ја потребата за меѓусебно признавање со Косово.

– Остануваме непоколебливи во поддршката на целта на Србија за европска интеграција. Ве охрабруваме за воведување на потребните реформи и постигнување на сеопфатен договор за нормализација со Косово, кој е фокусиран на меѓусебно признавање – се наведува во честитката на Бајден до Александар Вучиќ.

По тој повод, српскиот претседател одговори дека меѓусебното признавање не е наведено во ниту еден акт на која било светска организација, ниту во ЕУ, ниту во која било резолуција.

– Разбираме дека тоа е американска политика. Постоеа обиди да се наметне таа фраза како нешто што требаше да го прифатиме како конечно решение. Им кажав лично во Белата куќа што мислам за меѓусебно признавање и мојот одговор нема да биде поинаков. Какви честитки би можел да испратам за Денот на независноста на САД, многу идеи ми паѓаат на ум, но мојата улога е да ги штитам интересите на Србија – истакна денеска Вучиќ.