Лидерите на балканската „четворка“ – Бугарија, Грција, Романија и Србија на синоќешната средба во Солун договорија создавање на заеднички транспортен прстен со кој би се овозможило олеснување на транспортот низ четирите земји.

На заедничката прес-конференција со српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерите на Бугарија и Романија, Бојко Борисов и Виорика Данчила, домаќинот на средбата, шефот на грчката Влада, Алексис Ципрас оцени дека Балканот има динамична иднина, за што е доволно да постои визија, верба, но и храброст.

– Треба да бидеме храбри да направиме чекори напред, дури и ако треба многу пати овие чекори да бидат спротивни на нормалниот тек. Но, со овие чекори само можеме да ги поставиме основите на европскиот Балкан, на демократски Балкан што нема да биде измачуван од секаков вид на национализму, фобиу, интроверзија или инерција, туку ќе биде цврсто ориентиран кон заеднички развој и соработка, рече Ципрас.

Тој изрази и пофални зборови за бугарското претседавање со ЕУ во првата половина од годинава, оценувајќи дека тоа било „балканско“ и на Балканот му обезбедило нова перспектива.

– Не заборавајте дека Балканот е на крстопатот на три континенти и во иднина ќе игра значајна улога на геополитички и економски план – нагласи Ципрас.

Бугарскиот премиер Борисов се согласи со оценката на Ципрас дека бугарското претседавање со ЕУ било „балканско“, додавајќи дека Бугарија им овозможила на сите земји од регионот да се претстават пред членките на Унијата.

– Со Романија и Грција можеме да направиле многу за да и помогнеме на Србија да стане членка на ЕУ, но за тоа постојат критериуми што мора да бидат исполнети. Тоа подразбира и зголемување на бруто домашниот производ, на платите и да станеме побогати како нации – рече Борисов.

Тој се заложи за единствен царински систем при увозот на стоки во регионот и царинењето да се врши на едно место. – Тоа е потребно со цел од Азија и Африка да не внесуваме мигранти, туку стоки, истакна Борисов.

Како клучни инфраструктурни проекти тој ги посочи реалиацијата на гасоводот Бургас – Александруполис, изградбата на интерконекторни врски меѓу Бугарија, Грција и Србија и создавање на терминал за дистрибуција на гас од Русија.

Српскиот претседател Вучиќ изрази благодарност до Грција, Бугарија и Романија што биле подготвени да го чујат и да го сослушаат ставот на Србија за односите со Приштина.

Вучиќ додаде дека со Ципрас разговарал за железничката пруга Белград-Скопје-Солун, нагласувајќи дека Србија ќе ја заврши изградбата на автопатот до македонската граница, како и до границата со Бугарија, што, како што рече, не било сторено со децении.

– За Србија е важно тоа што добивме подршка за европскиот пат од нашите пријатели, важно е бидејќи ќе работиме на повеќе проекти. Разговаравме за патнта комуникација, железничкиот транспорт, гасните интерконекции – овојпат подолго и посериозно отколку порано – изјави српскиот претседател.

Романската премиерка Данчила го поздраби Борисив за успешното претседавање со ЕУ, нагласувајќи дека следната година кога Романија ќе го преземе пресадавањето со Унијата Балканот однови ќе биде во фокусот на вниманието.

Следниот состанок на балканската четворка ќе се одржи во Варна.