Пред земјите од Западен Балкан претстојат многу предизвици, а сите погледи се насочени кон самитот на ЕУ во Загреб

Пред земјите од Западен Балкан годинава претстојат бројни предизвици. Сите балкански држави, поединечно поминуваат низ долг период на внатрешно консолидирање и на заокружување на процесите кои се одвиваат на глобален план. Фокусот на балканските раководства е насочен кон одржувањето на самитот на земјите од Западен Балкан и шефовите на европските влади, во мај во Загреб, што се одржува рамките на хрватското претседателство со Европската Унија. Од овој состанок, во голема мера, ќе зависат и идните чекори на земјите во регионот и како ќе се развиваат нивните меѓусебни односи.

Подотворањето на вратата за почетокот на преговорите за можниот прием на Македонија и за Албанија, ќе значи ветар во едрата за останатите земји Балканот на патот за ЕУ, како и за посилно продолжување на реформите во сите области, а пред се во спречувањето на корупцијата и подобрување на економскиот развој.

Годинава во земјите од Западен Балкан се очекуваат бројни избори. Во изборна година влегуваат Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска. Албанија се наоѓа во политичка криза, а никој е може да предвиди, како таа ќе се развие во текот на 2020 година. По бојкотот на локалните избори и излегувањето на опозицијата од парламентот, сите процеси во земјата се замрзнати. Премиерот Еди Рама, како што пишува „Дојче веле“ се соочува со криминалната мрежа, со што ги стекна симпатиите од ЕУ. На внатрешнополитички притисок е изложено и Косово, во кое се уште не може да се постигне договор за формирање влада. До победникот на изборите Албин Курти е испратено ултимативно барање од неговиот главен конкурент Иса Мустафа, за добивање на претседателското место во косовскиот парламент.

– Суштинско прашање е економското опоравување на регионот и во реализацијата на идеја за мини-шенгенот, без разлика што носител на иницијативата е српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерите на Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама. Како предизвик стои интегрирањето на српската националност во црногорското општество. Босна и Херцеговина е изложена на можноста да и се случи народ доколку политичките елити не ги реализираат некои чекори. НАТО приказната е глобална, тоа не е приказна за локалните лидери во Сараево. Добро е што е документот за продолжување на процесот за пристапување кон алијансата е прифатено со консензус и БиХ, па Србија во догледно време ќе бидат членки на НАТО – изјави меѓудругото Зијад Беќировиќ, директор на Институтот за блискоисточни и балкански студии во Љубљана, при гостувањето во емисијата „Контекст“ на телевизијата „Ал џезира Балкан“.

Незивесна година претстои и за Босна и Херцеговина, која долги години не може да излезе од политичката кома. За оваа земја дополнителен притисок е зголемениот број на мигранти, кои на површина ја исфрлија нефункционалноста на тамошните власти на сите нивоа.
– Новата коалициона влада во Босна и Херцеговина не носи ништо, нешто ново и корисно. БиХ е во еден племенско уредување кое трае со децении. Таа е вратена стотици години назад. Земјата не може за една година или во многу подолг период, да се вклучи во европските интеграции и да гради подобар живот за своите граѓани,. БиХ се соочува со социјална деструкција односно со големо иселување на населението. Не може поради тие структурни и социјални проблеми да биде битен играч во овој регион – смета Миодраг Живановиќ, филозоф и поранешен професор на Филозовскиот факултет во Бања Лука.

За тоа како поголемиот број на бегалци од блискоисточните земји ќе се одрази на внатершно-политичката стабилност на БиХ, Живановиќ, во разговор за „Ал џезира“, вели дека мигрантската криза во земјата е конструирана и таа не произлегува од политичката стерилност и неспособност на политичките елити на повеќе нивоа.
– Владеењето во земјата функционира ексцентрично без конкретни и посакувани ефекти. Се виде во овој период во мигрантската криза БиХ функционира ексцентрично без конкретни и посакувани ефекти – додава Живановиќ.

Хрватска во соработка со Берлин ги постави приоритетите со претседавањето со ЕУ, а за Македонија е најзначајно прашањето за членство за земјите од Западен Балкан.
– Како и со која динамика ќе се одвибава европскиот процес е неизвесно. Важно е дека постои интерес кај Македонија и Албанија да продолжат на патот на европската инреграција и исполнување на рефиормите. Да се почека како ЕК со каков предлог методологија ќе излезе за проширување. Во двете земји не постои алтернатива за ЕУ. Без разлика на исходот од изборите во Македонија ќе се продолжи со исполнување на домашната задача – вели Иван Николовски, од Центарот за европска интеграција на „Социетас цивилис“ во Скопје.