Утрово околу 8:30 часот до капачи на плажа на островот Вир се приближила ајкула. Ајкулата ја снимиле присутните на плажата.

– Наводно цело време кружела околу плажата. Не знаеме дали е замината. Имаше и други луѓе кои снимаа, некои дури и отидоа со кајче за да видат за што станува збор. Наводно се работи за ајкула која не напаѓа луѓе – раскажале луѓето за блиската средба со ајкулата, пренесува порталот „Индекс“.

ХРТ јави дека ајкулата влегла и во оградената област наменета за пливачите.