Турските провокации ја поткопуваат стабилноста во регионот во еден критичен момент, демонстрирајќи отсуство на правни аргументи на Турција, оцени грчкото Министерство за надворешни работи во реакција на последните изјави на властите во Анкара.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, реакцијата на Министерството доаѓа по изјавата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган дека поради потрагите по јаглеводороди, Грција, Кипар и земјите кои што ги поддржуваат се однесуваат неодговорно и опасно.

Во врска пак со намерата Грција да ги пршири за 12 милји територијалните води, Ердоган изјави дека со тоа Атина „се обидува да ја доведе Турција до точка да не може да направи ниту чекор во Егејското Море“. Ердоган истакна дека Анкара ќе ги искористи сите правни можности што произлегуваат од меѓународното право во однос на Кипар.

Официјална Атина, вели дека нема да биде вовлечена во напаѓачката реторика на Турција, туку напротив „како фактор на стабилност и безбедност во регионот, во соработка со сојузниците и партнерите, ќе продолжи да го брани меѓународното право и нејзините права”,

– Кои и да се нивните разлки, останатите земји од источниот Медитеран признаваат дека постапката треба да биде мост на дијалог и соработка во нашиот регион. Турција, наместо да инсистира на закани и на нелегални барања и оспорувања, треба да ја следи оваа одговорна позиција- смета грчкото Министерство за надворешни работи.