Новата грчка влада на Киријакос Мицотакис донесе дипломатска одлука со која го призна Хуан Гваидо за привремен претседател на Венецуела.

– Владата на Грција, во согласност со заедничката позиција на 28-те членки на ЕУ, одлучи да го признае демократски избраниот претседател на Националното собрание Хуан Гваидо за претседател на Венецуела, кој треба да организира слободни, фер и демократски претседателски избори – се наведува во соопштението на грчкото МНР.
Во соопштението се додава дека Атина ги поддржува напорите на ЕУ поврзани со иницијативите како преговорите во Осло за да се постигне мирно политичко решение на кризата во Венецуела.