Грција

Министерот за туризам на Република Грција, Харис Теохарис, вчера од Белград потврди дека граѓаните на Србија годинава ќе можат да летуваат во Грција и со руските и со кинеските вакцини, како и со негативен ПЦР-тест.
Граѓаните на Србија ќе можат летово да го поминат во Грција со потврда дека биле вакцинирани со каква било вакцина, со негативен ПЦР-тест или брз тест, а грчките граници најверојатно ќе бидат отворени за српските туристи пред официјалниот почеток на сезоната на 14 мај.
Негативен тест ќе биде задолжителен за невакцинираните, а кога станува збор за децата, Теохарис рече дека на деца до 10 години не им треба вакцина или ПЦР-тест, а потребен е негативен тест за деца постари од 10 години.Така, по САД, Велика Британија, Израел и Кипар, Србија ќе биде петтата земја во светот чии граѓани ќе можат да влезат во Грција.