Десет маскирани лица нападнаа полициска станица во источното предградие на Атина, Кесарјани, во раните утрински часови, фрлајќи импровизирани бомби, пренесува „Катимерини“.

Полицијата привела пет лица за испрашување, но подоцна биле пуштени бидејќи немало докази кои ги поврзуваат со нападот. Според „АНА“, нема повредени  во нападот кој се случи околу четири часот утрово.

Овој случај е сличен со неодамнешните инциденти предизвикани од анархистите што вандализираа излози на продавници во знак на поддршка на осуддениот Димитрис Куфодинас, кој е осуден за тероризам.

Пред да се случи овој напад напад, околу 2.30 часот по полноќ, автомобил на новинарка која работи на полицискиот билтен бил разнесен во северното предградие на Папагу. Импровизираниот експлозив бил поставен под автомобилот што бил паркиран пред нејзиниот дом.

Засега не е познато дали двата инциденти се поврзани.