Откако го отстраниле заштитното железо од прозорец и направиле мала дупка, тројца албански државјани, уапсени за низа кражби, во шест часот и 30 минути, утрово побегнаа од полициска станица во Атина.

Останува енигма, како тројцата Албанци, успеале да ја отстранат заштитната ограда на прозорецот од објектот на полициската станица, додека, пак, побегнале откако преку цевка за одвод се спуштиле по зградата на височина од околу осум метри.

– Во бегството помогна нивната телесна градба. Сите се многу слаби и така можеа да излезат од делот каде што ги отстранија железото, изјавија полициски извори за грчката новинска агенција АНА-МПА.

Од утрово во тек е акција на грчката полиција за пронаоѓање и одново апсење на тројцата криминалци.

Младите Албанци, биле уапсени за најмалку 72 кражби во луксузни станови и куќи во северното и јужното атинско предградие.