Стејт депарментот му забрани на албански пратеник влез на американска територија поради наводна вмешаност во корупција од големи размери.

На Том Доши, пратеник на албанската Социјалдемократска партија му е забранет влез во САД, како и на неговата сопруга и деца.

Доши изјави дека не направил ништо незаконски и напомена дека неговата сопруга и децата имаат австралиско државјанство.

Од февруари и на поранешниот албански јавен обвинител Адриатик Лали и на неговото семејство им е забранет влез во САД.