Албанската војска соопшти дека 32-годишен војник од Албанија загинал во воена база во Летонија за време на вежба на мисијата на НАТО во источна Европа.

Началникот на генералштабот на албанската војска, Бардиљ Кољчаку рече дека војникот, Зариф Хасанај загинал како полседица на повреда, кога муниција експлозијала во базата Адази, пренесе „АП“.

Во несреќата повредени се уште две лица.

Албанија се приклучи кон НАТО во 2009 година и има 214 војници во меѓународните мисии.