Масовните студентски протести во Албанија продолжуваат и денеска, при што на студентите им се придружија и родителите, други граѓани, како и нивни колеги од Косово.

Албанскиот премиер Еди Рама претпладнево на Твитер најави подготвеност за разговори и исполнување на студенските барања, но студентите го отфрлија предлогот за дијалог и претходно доставените осум барања ги надополнија со уште едно – ослободување на 25 учесници на протестите приведени деновиве.

Рама предложи заедничка средба со претставници на факултетите, бидејќи како што порача треба да се почитува автономијата на Универзитетите.

Но, студентите категорично одбиваат каков било разговор со Рама и со министерката за образование Линдита Никола и апелираа за подршка до амбасадите на САД и на ЕУ.

– Апелираме до амбасадите на САД и на ЕУ да ја поддржат оваа младина и иднината на Албанија, доколку некогаш ја сакале оваа змеја. Во спротивно ќе покажат дека биле хипокрити, порачаа студентите.

Инаку, студентите за првпат во деветте дена протести, минатата ноќ ја минаа на улиците на Тирана. Дел од нив беа пред зградата на Владата, а дел пред Министертвото за образование.