Албанското Јавно обвинителство откри шема за перење пари на двајца норвешки државјани, кои ја избрале Албанија да „исперат“ над 800.000 евра, за кои постои сомневање дека се создадени со измама.

Врз основа на докази, обвинителството од  Ове Јохансон и Јо Борген Нилсен заплени 600 илјади евра.

 – Тие преку фирмата „Норвегијан голф девопемнт ас“, регистрирана во Норвешка, регистрирале и фиктивна фирма во Албанија. Нивната активност имала цел перење 800 илјади евра. Истрагата утврди дека спомената фирма ги продала акциите во Албанија за  2.850 евра. Откриени се при реализација на незаконската активност и покрај тоа што на почетокот имале успех – стои во извештајот на обвинителството.

Главниот купувач на овие акции, 90 проценти, е Ове Јоансон. Два месеца по овој договор, Јохансон на  својот соучесник Јо Борген Нилсен му продал 40 отсто од акциите на компанијата во вредност од 600.000 евра. Нилсен потоа ја регистрирал фирмата „Асиа капитал груп“ во Албанија со дејност градежништво и проектирање.

Преку овие незаконски дејствија тие во Албанија префрлиле неколку банкарски сметки од Филипини чија вредност е 600 илјади евра, кои се запленети. 

Ове Јоансон претходно бил осуден во Косово за измама со 300 илјади евра, додека Јо Борген Нилсен  бил дел од пирамидална штедилница во Норвешка, позната под името „Унаико“.

На двајцата осомничени Норвежани ќе им се суди во отсуство, бидејќи тие веќе ја напуштиле Албанија.