Албанската полиција на граничниот премин „Муриѓан“ на албанско-црногорската граница уапси шведски државјанин кај кого открила 19 пиштоли, калибар 7,65 милиметри.

Во полициското сопштение се наведува дека, оружјето е пронајдено при контрола во патната торба на уапсениот Себастиан Ричард(21), кој патувал со автобусот што сообраќа на релација Косово-Германија а во која имало и женска облека. 

– Уапсеното лице во изјава потврди дека пиштолите ги набавил во Косово, но за тоа не поседуваше никаков документ. Крајната дестинација била Германија. На разговор е повикан и возачот на автобусот а ќе биде испрашан и сопственикот на агенцијата, каде го набавил билетот за патување- стои во полициското соопштение.

Јавното обвинителство во Скадар ги презема сите потребни активности за поведување пријава за кривично дело „шверц со оружје“, по што истото ќе биде под надлежност на Судот за тешки кривични дела.

Сличен настан на овој премин е регистриран и во септември 2012 година, кога беше уапсен Ларс Томи Росен(35) (Lars Tommy Rosen), кој во Косово набавил девет пиштоли од истата марка,чија крајна дестинација била Германија. Судот за тешки кривични дела за „шверц со оружје“ му изрече затворска казна во траење од 10 години по беше екстрадиран во Стокхолм за издржување на казната.