Полицијата од јужниот албански град Ѓирокастро откри група нелегални мигранти и уапси четири лица под обвинение за недозволена трговија со луѓе.

Уапсените се албански државјани на возраст од 29 до 57-годишна возраст, а биле запрени од полицијата во моментот кога ги превезувале мигрантите.

Групата мигранти ја сочинувале 16 Пакистанци и еден Сириец кои требало само транзит да ја минат албанската територија и преку Црна Гора да го продолжат патот кон некоја од западноевропските земји.

Мигрантите од блискоисточните земји грчко-албанската граница ја минуваат главно илегално преку зелениот појас,по што за да стигнат до северниот град Скадар,кој е во близина на албанско-црногорската граница, наплатуваат од 1000 до 1.500 евра.

Во последните две недели албанската полиција открила над 120 илегални мигранти,а како што изјави деновиве премиерто Еди Рама во првите пет месеци од годинава откриени се околу две илјади, главно од Сирија и Ирак а во помал број се и од Пакистан,Алжир,Јемен и Либија.

Поради зачестените обиди за влез на нелегални имигранти албанската гранична полиција, ги зајакна конторлите долж границата со Грција.