Албанската опозиција не се враќа во Парламентот и најави дека од условени односи ќе оди на целосен бојкот на Парламентот и институциите.

Според потпретседателот на Демократската партија Еди Палока, ова е поради владините врски со криминалот и одбивањето да се прифати ветингот, односно проверката на потеклото на имотот и поврзаноста на политичарите со криминалот.

– Ќе реагираме во друга форма. Апсолутно надвор од Парламентот. Во кој Парламент да одиме? Во тој Парламент, каде што се насилниците, оние кои ги бранат нив, претставниците на криминалот, таму да одиме ние, да станеме фасада за Рама ги повторува неговите будалаштини. Затоа ли да одиме во Парламентот, рече Палока.

Тој додаде дека бојкот на Парламентот е само една страна од бојкот на опозицијата и оти по бојкотот и објавувањето на владините афери, Демократската парија се подготвува за протести.

– Она што треба да го направи опозицијата е тоа што, освен делот што и припаѓа и што го прави секој ден, обвинувањата за скандалите на оваа влада, е тоа што треба да ги повика луѓето да излезат на улица и да ја срушат оваа влада. Народот тоа го може, зашто опозицијата со 40 пратеници тоа не може да го направи, смета Палока.

Претходно и партискиот лидер Љуљзим Баша, порача дека за да замине Рама од власта треба да одлучи народот а во тие напори ќе има подршка и од Демократската партија.