Албанската министерка за надворешни работи порачува

Албанската министерка за надворешни работи Олта Џачка изјави дека Албанија ги исполнила сите задачи во процесот на евроинтеграции, кои што ЕУ ги барала од неа.

Министерката во нејзиното обраќање во парламентот рекла дека нитуедна влада претходно не направила толку за да се гарантираат слободни и фер избори, пренесе албанскиот портал „АБЦ Албанија“.

– Албанија ги исполни сите услови. Не сум единствена што го кажува тоа, туку и други земји членки го кажуваат истото – рекла таа пред пратениците.

Според неа, повторното одлагање на почетокот на преговорите ќе го загрози кредибилитетот на ЕУ, со оглед дека Албанија исполнила 15 услови, односнои се што се барало од неа.

– Сега на ред е ЕУ. Одржувањето на слободни и фер избори е клучот кој ќе го отвори патот за интеграции – додала таа.