На четири различни локации, од кои две во близина на Атина, активни се пожари за кои интервенираат над 150 пожарникари со возила, авиони и хеликоптери.

Во населбата Пендели во северниот дел на Атина, со пожарите се справуваат 33 пожарникари со 13 возила, една пешадиска единица, два хеликоптера и два авиона, а полицијата поради состојбата го затвори сообраќајот во една улица.

Пожар избувна и во Артемида, во источниот дел на областа Атика, а интервенираат 50 пожарникари со 22 возила, една пешадиска единица, три хеликоптери и два авиона.

Иако во грчките медиуми првично се спомнуваше дека постои можност превентивно да се евакуираат жителите од околните домови, сепак, не дојде до тоа.

Во гаснењето на пожарот во областа Танагра во централна Грција, учествуваат 52 пожарникари со 23 возила, една пешадиска единица, три хеликоптери и два авиона.

Активен е шумски пожар во близина на градот Арта.